Играјте, ќе добиете – порака од чичко Трајко
25.01.2014 19:07
Нема правила за срека. Има само добра надеж и верба. Ако е пишано срекниот миг сами ке се дојде - вели чичко Трајко - седумдесет годишен кумановец – пензиониран бербер. Шлаг на неговата чесност и судбина е вреден стан. Го доби со само едно испратено плико на наградната игра Фискална во рака – награда без мака. Не ги криеше големата возбуда и радост.

Нема правила за срека. Има само добра надеж и верба. Ако е пишано срекниот миг сами ке се дојде - вели чичко Трајко - седумдесет годишен кумановец – пензиониран бербер. Шлаг на неговата чесност и судбина е вреден стан. Го доби со само едно испратено плико на наградната игра Фискална во рака – награда без мака. Не ги криеше големата возбуда и радост.
,,Не се надевав, не верував дека би можеле да го добиеме станот. Кога заѕвони телефонот мислев некој онака ме бара. Кога чув веќе и внуците дојдоа да направиме веселба. Сите се радуваме заедно. Со чесна работа и добрина среќата ке си дојде ,, - вели Трајко Кузмановски – добитник на станот
На свечениот чин , го донесе целото семејство .. Клучевите му ги предаде и со голема срека здравје и берикет за арно и убаво да го користи му посака вицепремиерот Ставревски со верба дека за арно за убаво ке го користат неговите наследници ..
,,Чичко Трајко од Куманово и неговото семејство се најдобар пример дека среката ке си дојде тогаш кога е пишано .. Во играта тој учествуваше со едно плико заедно со неговата сопруга , синовите внуците и си ја доби наградата – вреден стан во централното градско подрачје .. Ова покажува дека секој што ке учествува во наградната игра може да биде добитник на вредна награда.. Мене ми е задоволство и срека што гледам едно скромно семејство на човек кој цел живот работел занает да го добие станот,, рече Вицепремиерот и министер за финансии Ставревски
Новиот дом од 52 квадрати во Аерродом ке им го остави на своите внуци и двајца синови. Сите се радуваме заедно – неколку пати се обрати кон камерите. Им порача да сите грагани да играат, со фискална во рака за награда и да не губат надеж дека среката може да дојде. А наградната игра продолжува.
Ново извлекување ке има в понеделник со директен пренос на Македонската Телевизија. Главна награда - автомобил и 150 вредносни ваучери. Со 20 фискални сметки приковите ке се треба да се испратат или остават на пунктовите најдоцна до утре на полноќ.
Сузана Фиданска Стоевска
