Панамските власти најавија истрага за случајот „Панамски документи“

05.04.2016 10:29

Властите на Велика Британија, Франција, Шведска, Норвешка и многу други земји побараа од новинарите копија од документите за да ги истражат и да преземат соодветни мерки во борбата против затајувањето данок.

Властите на Панама ќе го истражуваат случајот со „Паманските документи“ за офшор компании на нејзина територија, соопштуваат од панамското Министерство за правда.

Властите на Велика Британија, Франција, Шведска, Норвешка и многу други земји побараа од новинарите копија од документите за да ги истражат и да преземат соодветни мерки во борбата против затајувањето данок.

И властите на САД презедоа дополнителни мерки. Министерството за финансии и даночната служба објавија нови мерки против корпоративните и даночни инверзии кои вклучуваат користење на офшор зони.

А, неколку илјади демонстранти се собраа пред зградата на парламентот во Рејкјавик, со барања за оставка на премиерот. Протестите беа организирани откако неговото име се најде во „панамските документи“. Исланѓаните собраа над 20 илјади потписи со барање за негова оставка.