Во Ресен отворена Спомен куќа на Татарчеви

04.04.2016 18:40

Новата спомен куќа ќе биде важна за развојот на туризмот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски...

Отворени вратите на Спомен куќата  на Татарчеви во Ресен. Во него се претставени значајни личности од македонската историја, поврзани со животот и делото на овој револуционер, артефакти, слики, восочни фигури. Во овој проект се вложени 30 милиони денари.

Новата спомен куќа ќе биде важна за развојот на туризмот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Рече дека во овој регион во инфраструктура се вложени 15 милиони евра.

Груевски рече и дека во изминативе години, земјодеците од Преспа инкасирале 9 милиони евра, пари од субвенциите.