Утре караванот „Купи куќа за млади“ во Радовиш
05.04.2016 10:48
Сите заинтересирани граѓани ќе можат да се информираат за проектите од преставници од Министерството за финансии, претставници од банките, од Катастар...

Утре во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи презентација во Радовиш, во Општината во 17 часот, соопштуваат од Министерството за финансии.
Сите заинтересирани граѓани ќе можат да се информираат за проектите од преставници од Министерството за финансии, претставници од банките, од Катастар, како и да ја проследат презентацијата на понудата на државни плацеви во општината.
