Два патнички авиони се судрија на аеродромот во Џакарта
05.04.2016 11:18
Авиокомпанијата „Батик ер“ соопшти дека нејзин авион со 49 патници и седум члена на екипажот бил удрен додека возел по пистата, од авион од компанијата „Транс нуса“, кој се движел зад него.

Два патнички авиона се судрија на пистата на аеродромот во индонезискиот главен град Џакарта. Нема податоци за повредени лица. Инцидентот се случил на воениот дел од аеродром кој се користи и за цивилни летови.
Авиокомпанијата „Батик ер“ соопшти дека нејзин авион со 49 патници и седум члена на екипажот бил удрен додека возел по пистата, од авион од компанијата „Транс нуса“, кој се движел зад него.
По инцидентот патниците и екипажот се безбедно евакуирани.
