Сѐ повеќе Кубанци се обидуваат да мигрираат во САД

05.04.2016 11:49

Според податоци на крајбрежната стража, од 1-ви октомври минатата година 2.785-мина Кубанци биле пресретнати во теснецот кој го разделува островот од Флорида.

Американската крајбрежна стража вратила 44-ца кубански мигранти кои се обиделе преку Атланскиот Океан да пристигнат до брегот на САД.

Според податоци на крајбрежната стража, од 1-ви октомври минатата година 2.785-мина Кубанци биле пресретнати во теснецот кој го разделува островот од Флорида. Нормализирањето на односите меѓу Вашингтон и Хавана, кој почна пред една година доведе до зголемување на бројот на Кубанци кои се обидуваат да влезат во САД, стравувајќи од евентуална промена на миграциската политика.