Кардиохирургија станува реалност

25.01.2014 21:14

Финализираат преговорите...

Финализираат преговорите со двајца врвни италјански кардиохирурзи кои би требало да работат во новата државна кардиохирургија- обелодени премиерот Никола Груевски. Едниот би бил постојано во земјава, а вториот ќе доаѓа по потреба. Двајцата ќе ги обучуваат и ќе оперираат со нашите  лекари во новата државна кардиохирургија. Веќе се започнати активностите за набавка на опрема вредна 106 милиони денари.  20 години се ветува но никако да се исполни ветувањето за  државна кардиохирургија констатира премиерот кој вели дека се разговара и со градската болница од Цирих која би била ментор на нашите кардиохирурзи.

 - Тоа значи дека нивни тимови од доктори, сестри, болничари по неколку месеци ќе престојуваат кај нас, ќе работат и ќе ги обучуваат нашите тимови. Ќе се отвори и катедра за кардиохирургија со намајмалку 10 студенти кодишно  и така за неколку години ќе дојде до сериозен напредок во кардиохирургијата, вели премиерот Груевски.

Освен инвестициите на државата во здравствтто и инфраструктурата економската слика на државата ја подобруваат и реформите и странските вложувачи. Ревидираната прогноза од Европската банка за обнова и развој за раст на македонската економија, од 2,7 проценти на 3 проценти, е резултат на сите напори што ги вложува владата оцени Груевски.

- Тоа е добро. имаме зголемување на проекцијата од страна на ЕБРД, што кажува дека ЕБРД следејќи ги реформите и инвестициите што доаѓаат како што е Амфенол, новата фабрика на Џонсон Контролс и други најавени или веќе во градба или пуштени во употреба фабрики, ја придвижува својата прогноза за Македонија дека растот на економијата според нивно гледање ќе биде 3 отсто, а претходно беше 2,7 отсто,  што значи дека имаме раст, изјави Груевски.

Премиерот Груевски  вели владата останнува фокусирана во напорите за придвижување на економијата. на тоа, е насочен и буџетот, кој што е структуиран да овозможи побрз развој на економијата, поголем економски раст и отворање нови работни места во македонија.

Миле Ристески