Црвена тревога поради енормната загаденост во Мексико Сити

05.04.2016 12:30

Eколошка тревога поради загадувањето на воздухот од 1,5 пати над дозволената граница, само неколку часа пред воведувањето на непопуларната мерка за намалување на автомобилите на улиците...

Властите на мексиканскиот главен град прогласија еколошка тревога поради загадувањето на воздухот од 1,5 пати над дозволената граница, само неколку часа пред воведувањето на непопуларната мерка за намалување на автомобилите на улиците.

На жителите на Мексико Сити, особено на оние кои страдаат од белодробни заболувања или болести на срцето им се препорачува да бидат внимателни и без потреба да не излегуваат на отворено.