Димитриев- Даниелсон: Фер, кредибилни и демократски избори на 5-ти јуни

05.04.2016 14:09

Димитриев и Даниелсон, како што информираат од владиниот кабинет, се согласиле дека сите политички партии треба да покажат посветеност за унапредување на довербата во изборниот процес...

Првиот човек на Директоратот за проширување на Европската Унија, Кристијан Даниелсон, попладнево се сретна и со претседателот на владата  за спроведување на изборите, Емил Димитриев. Главна тема: европските интеграции, реформите, политичката ситуација.

„Приоритет на владата е организацијата на фер, кредибилни и демократски избори на 5-ти јуни, што ќе овозможи разрешување на политичката состојба во земјата и формирање на Влада која ќе може да се посвети со полн интензитет на реформите и проектите кои имаат реална корист за граѓаните“- изјавил Димитриев на средбата, додавајќи дека Државната изборна комисија ја има поддршката од владата.

Соговорниците, како што информираат од владиниот кабинет, се согласиле дека сите политички партии треба да покажат посветеност за унапредување на довербата во изборниот процес, и дека е потребно континуирано спроведување на реформите.