Јанукович на трета средба со лидерите на опозицијата
Украина
Украина
Постои ли можност да заврши политичката криза во Украина. Претседателот Јанукович на трета средба со опозициските лидери. На опозиционерот Арсениј Јацењук му понудил премиерска функција, на Витолиј Кличко место на потпретседател на Владата задолжен за хумани работи, а изразил и желба за менување на делови од Уставот, според кој шефот на државата ќе има поголеми ингеренции. Јацењук без коментар за понудената функција. Средбата следеше по зголемените тензии откако министерот за внатрешни работи соопшти дека кризата не може да се реши по мирен пат, а демонстрантите го зазедоа Министерството за енергетика. во судирите еден демонстрант загина а неколку полицајци беа заробени.
Египет
Најмалку седум лица загинаа, а педесетина се повредени за време на антивладините протести во Каиро, на тригодишнината од почетокот на востанието против претседателот Хосни Мубарак.
Женева
Во Палатата на нациите одржана и втората средба меѓу сириската влада и опозицијата во Женева. Иако не се очекува голем напредок, аналитичарите средбите ги оценуваат како позитивен чекор, бидејќи за прв пат доѓа до средба на двете завојувани страни.
САД
Три лица загинаа во оружен напад во трговски центар во предградие на Балтимор во американската држава Мериленд. Се уште не се знае точниот бројот на повредени. Полицијата успеала да го совлада напѓачот.
Хрватска
Невреме во Хрватска. Снежните врнежи предизвикаа хаос во сообраќајот. На приморјето има силна бура, додека повозрасен маж го загубил животот чистејќи снег од зграда. Метеоролозите велат дека и во следните денови ќе има обилни врнежи.
Марија Петковска
