Избрани новите министри и заменици од ДУИ
Против гласаа пратениците од СДСМ. По завршувањето на гласањето, новите членови на Владата дадоа свечени изјави.

Собранието на Република Македонија ги избра новите министри и заменици - министри во Владата, предложени од Демократската унија за интеграција. Против гласаа пратениците од СДСМ. По завршувањето на гласањето, новите членови на Владата дадоа свечени изјави.
Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев пред пратениците образложи дека станува збор за ресори кои се испразнија по оставките на министрите кои доаѓаат од ДУИ и беа констатирани од страна на Собранието на Република Македонија на вчерашната седница.
Според предлогот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, нов заменик-претседател на Владата задложен за европски прашања ќе биде Арбр Адеми, Фестим Халили - заменик претседател на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Валдет Џафери - министер за правда, Пиштар Лутфиу - министер за образование и наука, Дритон Кучи - министер за економија, Башким Амети - министер за животна средина и просторно планирање, Ширет Елези - министер за локална самоуправа. Агим Нухиу треба да дојде на местото заменик министер за внатрешни работи, Фатон Положани за заменик министер за транспорт и врски и Гзим Беадини за заменик министер за финансии.
