Креирање работни места преку претприемништво

05.04.2016 15:47

Австрискиот економски центар во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ организира дебата на тема „Креирање нови работни места преку поттикнување на претприемништвото“. Учесниците заклучија дека политиката треба да се одвои од економијата. Потребни се реформи во образованиот систем за младите да бидат компактибилни со пазарот на труд...

Намалување на регулацијата, даноците и ослободување на пазарот е најбрзиот начин да се намали невработеноста и да се подобри животниот стандард во Македонија- заклучок од дебатата на Правниот факултет. Според економистот Мајкл О’Тул, новоотворените работни места треба да бидат продуктивни, а тоа најдобро го овозможува приватниот сектор. 

„Никој не сака да работи 24 часа  на ден седум дена во неделата. Не сакаме работа, туку сакаме приход и ако има приход и со четири часа работа наместо со осум или 12 ќе бидеме среќни. Најважно е работата да е продуктивна. Владата нуди работни места што не се продуктивни или што се продуктивни на краток рок. Ни требаат продуктивност на  долг рок, а тоа го нудат приватните компании“, смета економистот Мајкл О’Тул. 

Експертите со совет до македонските студенти- да го работат тоа што го сакаат и во кое ќе бидат продуктивни. Според продеканот Стојков, иако во Македонија даноците се ниски, има субвенции за старт- ап бизниси и Фонд за иновации, потребно е повеќе за да се поттикне вработливоста кај младите. 

„Потребна ни е реконструкција на образовниот систем, затоа што кадарот кој го продуцираме во универзитетите не е компетитевен и вештините на студентите не се совпаѓаат со барањата на работодовачите, има некои реформи,  но потребни се повеќе“, вели продеканот на Правниот факултет, Александар Стојков.

Дебатата на Правен ја организираше Австрискиот економски центар.

 

Викторија Милевска