Формула 1

Различен, но дали и брз?

25.01.2014 23:58

Тимот на Ферари го претстави болидот под името Ф14 Т што би требал да ја врати титулата  во Маранело. Како што најавија новиот „нос“ на болидот е различен од оние што досега ги видовме на новите болиди на Мек Ларен,Форс Индија ,Вилијамс и Лотус. Не само новиот болид, туку и возачката двојка на поранешни светски шампиони ,Фернандо Алонсо и Кими Раиконен се надежите на Ферари за успешна сезона во новата ера на В6 турбо моторите.

„Мислам дека јас и Кими сме многу силни, барем на хартија, и двајцата сме имале многу успеси во изминатите сезони“-изјави Алонсо на презентацијата.