Собранието пред распуштање

06.04.2016 10:12

Пред два дена, претседателот на Собранието, Велјаноски, во интервју изјави дека Собранието ќе биде распуштено и тој ќе распише избори на 5-ти јуни.

Вечер на полноќ Законодавниот дом на Република Македонија треба да се распушти, врз основа на одлуката што ја изгласаа пратениците на 23-ти февруари, за одржување на предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни.

Пред два дена, претседателот на Собранието, Велјаноски, во интервју изјави дека Собранието ќе биде распуштено и тој ќе распише избори на 5-ти јуни.

Притоа, Велјаноски посочил дека ќе разговара со претседателот на ДИК, за да ги распише изборите меѓу 7-ми и 15-ти април, за да ѝ се овозможи време на Комисијата за избирачкиот список.