Цените на зелените пазари пониски од лани

06.04.2016 10:15

Според статистиката во март, цените на зелените пазари биле поевтини од лани. Спанаќот имал најниска цена која се намалила за скоро 42 проценти...

Во втората половина на март понудата  на сезонски зеленчук на зелените пазарите се зголемила.

Најмногу имало зелка со што, за разлика од минатата година и цената и била помала за 17 проценти.

Според статистиката пад на цената имало скоро кај сите видови на зеленчук, што се должи на поволните временски услови за производство на раноградинарските култури, а незначително поскапи биле само пиперките за 0,6 проценти.

Пад на цените од 12 до 39 проценти имало и кај младиот компир, зелената салата, морковот, доматите и краставиците, додека кај спанаќот дури  за 42 проценти.

 

Методија Трајков