Круз и Сандерс- победници на прелиминарните избори во Високнсин
Сенаторите Тед Круз и Берни Сендерс се победници на прелиминарните избори во американската сојузна држава Висконсин. Со оваа клучна победа на Круз запрен е напредокот на Доналд Трамп во освојување на номинацијата на Републиканската партија, додека кај демократите со 8-та последователна победа на Сендерс врз Хилари Клинтон загрозено е водството на поранешната државна секретарка.

Републиканецот Тед Круз и Демократот Берни Сендерс се победници на прелиминарните избори во американската сојузна држава Висконсин. Со убедливата победа сенаторот Тед Круз го запре напредокот на Доналд Трамп во освојување на 1237 делегати за номинацијата на Републиканската партија.
„Вечерва е точна на пресврт. Повик од работните мажи и жени на Висконсин до народот на Америка, дека имаме избор, вистински избор“, изјави Тед Круз, претседателски кандидат.
Сенаторот Берни Сендерс ја победи Хилари Клинтон во 8 од 9-те држави каде се одржаа прелиминарни избори, како резултат на како што вели, моментумот кај американските гласачи коишто го поддржуваат да остане во изборната трка.
„Ова е кампања од, со и за народот. Решивме дека не ги претставуваме класата милијардери, Вол Стрит или компаниите за транспорт и за фосилни горива“, рече Берни Сендерс, претседателски кандидат.
По победата на Круз со поддршка на гувернерот на Висконсин, спикерот на Конгресот и видни Републиканци, се поизвесно е дека во јули ќе има оспорна конвенција на Републиканската партија на која може да биде оспорена номинацијата на Доналд Трамп. Кај демократите, Берни Сендерс се надева на победа и во државата Вајоминг во сабота.
Следните прелиминарни избори за претстедателските избори во САД повторно се селат на источниот брег, во Њујорк и во Пенсилванија.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
