Бебето од Дојран нема вирус Зика

06.04.2016 10:51

Отфрлени се и сомневањата што ги постави лекар од Македонија, за микроцефалија, односно намалување на черепот.

Нема Зика во Македонија. Ова го покажаа резултатите од испитувањата, направени во лабораторијата во Хамбург. Наодите од крвта на единствениот сомнителен случај, бебето од Дојран, се негативни.

Отфрлени се и сомневањата што ги постави лекар од Македонија, за микроцефалија, односно намалување на черепот.

Институтот за Јавно Здравје ја потврди информацијата од германската лабораторија. Кај детето не е пронајдена ниту една инфекција.