Скопскиот аеродром меѓу 10-те најдобри во Источна Европа

06.04.2016 11:01

„Александар Велики“ е на 9-то место. Прв на листата е аеродромот во Будимпешта, па следат аеродромите во Талин, Киев, Рига, Белград, Тбилиси, Софија, Братислава, Скопје и Варна. Во светски рамки, најдобар е аеородромот Чанги во Сингапур.

„Александар Велики“ е меѓу десетте најдобри аеродроми во Источна Европа за 2016-та година. Ваквото рангирање го направи британската организација „Скајтракс“, а скопскиот аеродром го добива признанието втора година по ред.

„Александар Велики“ е на 9-то место. Прв на листата е аеродромот во Будимпешта, па следат аеродромите во Талин, Киев, Рига, Белград, Тбилиси, Софија, Братислава, Скопје и Варна. Во светски рамки, најдобар е аеородромот Чанги во Сингапур.

„Ова е престижно признание кое се доделува во конкуренција на 550 аеродроми низ светот, а се оценува искуството на патниците во различни аеродромски услуги“- велат од ТАВ Македонија.

Лани, бројот на превезени патници низ двата аеродрома беше зголемен за 22 процента, а во ваквиот тренд продолжи и годинава.