„Мосак Фонсека“: Жртви сме на внатрешен хакерски напад
06.04.2016 11:57
Eлектронската пошта на фирмата била извадена од контекст и погрешно толкувана...

Адвокатот Рамон Фонсека, од чија што фирма „Мосак Фонсека“ беа разоткриени 11,5 милиони документи за перење пари и затајување данок од страна на богати и влијателни луѓе ширум светот, соопшти дека компанијата била жртва на внатрешен хакерски напад, додавајќи дека поднел тужба до обвинителството.
Адвокатот истакна дека електронската пошта на фирмата била извадена од контекст и погрешно толкувана.
