Оланд: Не може да се повтори бегалскиот прилив од 2015
Според францускиот претседател, одговорот на мигрантската криза треба да биде европски, а во спротивно ќе настапи крај на Шенген договорот и ќе бидат обновени националните граници, со други зборови ќе се случи историски регрес.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека не постои никаква можност приливот на бегалци од лани да се повтори и оваа година.
Според францускиот претседател, одговорот на мигрантската криза треба да биде европски, а во спротивно ќе настапи крај на Шенген договорот и ќе бидат обновени националните граници, со други зборови ќе се случи историски регрес.
Оланд изрази жалење поради тоа што Европската Унија задоцнила со реакцијата на бегалската криза, која предизвика турбуленции, но додаде дека сепак ЕУ успеала да пронајде глобален одговор.
