Проект за поголема вклученост на Ромите

06.04.2016 13:26

Според Мартин Клауке од Делегацијата на ЕУ во Македонија проектот има за цел да го подобри квалитетот на животот, пристапот до услуги и да придонесе кон создавање на еднакви можности за Ромите...

Нов проект на ЕУ за поефикасна интеграција на Ромите во земјава. Очигледен е напредокот во почитувањето на човековите права, велат во европската делегација во Скопје, но, треба да има континуитет во спроведувањето на политиките.

Според Мартин Клауке од Делегацијата на ЕУ во Македонија проектот има за цел да го подобри квалитетот на животот, пристапот до услуги и да придонесе кон создавање на еднакви можности за ромите.

„Низ годините е направен голем напредок во однос на промовирањето на културата на ромите, нивниот јазикот, во насока на подобро разбирање на потеклото, промовирањето единството, работата, правата. Сепак, кругот на сиромаштија, дискриминација и исклученост, сѐ уште преовладува во сите европски земји. Делегацијата Европската Унија промовира проект за социјална инклузија на Ромите во земјава, со цел да се подобри нивниот квалитет на живот и да се создадат еднакви можности за Ромите“, рече Клауке.

Мабера Камбери од Министерството за труд и социјална политика информира дека проектот е започнат во јануари оваа година, а ќе се реализира до јуни 2017 година, а активностите се насочени и кон имплементација на постојните политики на национално и локално ниво.