Финансиската полиција го проверува работењето на МОСТ
По добиена пријава за сомнителни трансакции, побарано е од сметководството на невладината организација, податоци за префрлени поголеми суми на девизи на сметки на физички лица од Либан, Јордан, Киргистан, Албанија, Тунис, Палестина...

Финансиската полиција го проверува работењето на невладината организација МОСТ. По добиена пријава за сомнителни трансакции, побарано е од сметководството на невладината организација, податоци за префрлени поголеми суми на девизи на сметки на физички лица од Либан, Јордан, Киргистан, Албанија, Тунис, Палестина.
Од институцијата се жалат на некооперативност од МОСТ и велат дека ако не им биде увозможен увид во книговодството, ќе применат други законски иструменти.
Од МОСТ, пак, велат дека биле конструктивни, а од инспекторите им биле дадени неколку дена да ги комплетираат документите. Од МОСТ порачуваат дека работат согласно законите.
