ССК иницира отворање технолошки паркови
За реализација на иницијативата, поддршка имаат од поголемите компании и од информатичкиот сектор...

На Македонија ѝ се потребни технолошки паркови, кои ќе ги поттикнат малите и средни бизниси да се ориентираат кон високите технологии, оценуваат во Сојузот на стопанските комори. За реализација на иницијативата, поддршка имаат од поголемите компании и од информатичкиот сектор.
„Технолошките паркови во Европа имаат поволни даночни ослободувања, привлекувајќи странски и домашни инвестиции водат кон поголем економски развој, креираат нови работни места, и го зголемуваат БДП на секоја држава. Една од предностите на технолошките паркови е ослободување од царина за увоз на стоки наменети за капитални инвестиции“, изјави извршниот директор на ССК, Митко Алексов.
