Јанкулоска: Не се чувствувам виновна за предметите што ги води СЈО
Произнесувањето на Јанкулоска, како осомничена за случајот „Тврдина“ пред судија на претходна постапка е одложено, потврдуваат од Кривичниот суд.

Јанкулоска вели дека не се чувствува виновна во однос на обвинувањата што и ги става на товар Специјалното јавно обвинителство за предметите „Титаник“ и за „Тврдина“. Произнесувањето на Јанкулоска, како осомничена за случајот „Тврдина“ пред судија на претходна постапка е одложено, потврдуваат од Кривичниот суд.
Специјалното јавно обвинителство за второосомничениот, за четвртоосомничениот и за петтоосомничениот предложи мерка за забрана на напуштање на место на живеалиште, обврска да се јавуваат во судот и забрана за вршење определени работни активности кои се поврзани со извршување на кривичното дело бидејќи лицата се сè уште во работен однос.
За третоосомничената, поранешната министерка за внатрешни работи, е побарано да бидат изречени мерки за претпазливост, одземање на патната исправа, јавување во судот и забрана за напуштање на живеалиштето.
Првоосомничениот, во понеделникот беше пуштен во куќен притвор откако Апелациониот суд ги отфрли жалбите на СЈО и на одбраната како недозволени.
Предметот „Тврдина“, кој го отвори Специјалното јавно обвинителство, се однесува на незаконско уништување на опрема на Министерството за внатрешни работи за следење на комуникациите.
