Одложено рочиштето за случајот „Маѓар Телеком“
06.04.2016 17:01
На денешното се појави адвокатот Ненад Јаниќевиќ, кој добил полномошно од првообвинетиот Атила Сендреи да го застапува...

Повторно одложено рочиштето за случајот „Маѓар Телеком“. Иако на претходното, судот реши на осомничените да им се суди во отсуство, на денешното се појави адвокатот Ненад Јаниќевиќ, кој добил полномошно од првообвинетиот Атила Сендреи да го застапува.
Побара одложување на судењето за да може да изврши увид во списите од предметот и да се подготви за одбрана.
За злоупотреба на службената положба и овластувања се товарат тројцата поранешни директори на „Македонски Телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус.
Кривичната на МВР е за проневера на 1,8 милиони евра.
