Се очекува подобар род на пченицата, цените во Македонија највисоки во регионот
Годинава на светско ниво се проценува дека може да се очекува добар род на пченицата. Во моментов силосите забрзано се празнат за да можат да се складира новото производство.

Предвидувањата на глобално ниво се дека жетвата на пченицата ќе биде подобра од минатата година или во најлош случај, слична како лани.
Во овој период силосите забрзано се чистат од залихите за да се ослободи простор за новата реколта, а до почетокот на жетвата се очекува цената на житарките да остане стабилна и без поголеми поместувања.
На крајот на март во Македонија цената на пченицата била највисока во регионот, до 10 денари за килограм, додека во Србија била 8, а во Хрватска 9 денари.
Прогнозите за развојот на посевите во наредниот период може да ги наруши евентуалната појавата на болести кои изминативе години се се по чести на регионално и светско ниво.
Методија Трајков
