НБРМ организира меѓународна истражувачка конференција

07.04.2016 10:33

Како што соопшти Народна банка, конференцијата годинава е во знакот на одбележувањето 70 години од централно банкарските активности во земјава и на едно место ќе ги собере истражувачите од академската заедница и институциите носители на политиките.

Народна банка на Република Македонија денеска и утре во Скопје организира Петта меѓународна истражувачка конференција на тема: „Преносни ефекти од економскиот и финансискиот циклус, преиспитување на домашните и прекуграничните канали и одговорите на политиките“.

Како што соопшти Народна банка, конференцијата годинава е во знакот на одбележувањето 70 години од централно банкарските активности во земјава и на едно место ќе ги собере истражувачите од академската заедница и институциите носители на политиките.

Ќе обезбеди дискусија заснована врз истражувања и препораки релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот.