Доскоцил: Македонија има клучна улога во заштитата на границите

07.04.2016 12:54

Македонија има стратегија за справување со бегалската криза, тврди министерот за одбрана Јолевски.

Македонија има клучна улога во обезбедувањето на границите на земјите од таканаречената балканска рута, вели австрискиот министер за одбрана Доскоцил кој е во официјална посета на земјава

„Македонија има водечка улога во обезбедувањето на границите, не само на т.н.Балканска рута за мигрантската криза, туку и во врска во Австрија и со Германија. Се согласивме дека во рамки  на поширокиот Балкански регион постојат тенденции за радикализација и треба понтензивно да работиме во врска со таа тема, не само на ниво на соработка на институциите, туку и со размена на информации во рамки на тие институции“, нагласи австрискиот министер за одбрама Ханс Петер Доскоцил.

Македонија има стратегија за справување со бегалската криза, тврди министерот за одбрана Јолевски.

„Како АРМ и како Влада на РМ имаме стратегија за справување со мигрантите по затворањето на т.н. Балканска рута. Пред неколку дена ГШ на АРМ до мене достави нова стратегија во која се вклучени и други опции и АРМ е целосно подготвена за справување со оваа мигрантска криза“, рече Јолевски и додаде оти се прави координација со, како што подвлече, партнерите и пријатели од ЕУ.

Македонската армија од Австрија доби 15 визери за ноќно набљудување.