Панама документи: Лондон е центарот на системот на даночни оази
Документите на панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ кои беа обелоденети пред неколку дена ја покажуваат поврзаноста меѓу Велика Британија и илјадници компании...

Панамските документи ја разоткрија клучната улога на Лондон како центар на системот на даночни оази, оценуваат експертите. Документите на панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ кои беа обелоденети пред неколку дена ја покажуваат поврзаноста меѓу Велика Британија и илјадници компании кои за седиште ја избрале британската територија поради ниските даноци и слабиот закон, тврди Николас Саксон автор на книгата даночни оази.
Во меѓувреме, претседателот на Панама соопшти дека ќе се формира независна комисија за испитување на финансиската практика на земјата. Панамските документи покажуваат дека над 500 банки регистрирале 15 илјади и 600 офшор компании преку фирмата „Мосак Фонсека“.
