Само со акредитации од МОН ќе се организираат училишни натпревари
И училишните натпревари со стандардизирани правила на игра...

И училишните натпревари со стандардизирани правила на игра. Прецизно ќе се знае кој е организатор и врз основа кои критериуми е избран победникот. Министерството за образование ќе воведува ред, сите организатори ќе мора да имаат акредитација за која ќе можат да се пријават од утре до 14 март. Акредитацијата ќе се издава за преиод од три години. А ќе се одзема доколку не се испочитувани критериумите за организирање на натпреварите.
„Обврската на здруженијата, односно сојузите е натпреварите на учениците да ги организираат исклучиво преку наставниците што изведуваат насатав по одделен наставен предмет, сроден предмет или област на кој и припаќа насатавниот предмет“ - Спиро Ристовски, министер за образование и наука
Наташа Јанчиќ
