ДС нема да учествува на изборите на 5-ти јуни

07.04.2016 14:22

Трајанов најави дека неговата партија дефинитивно нема да излезе на јунските парламентарни избори.

Лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов во официјално соопштение ги негираше информациите на порталите дека наводно ќе учествува на изборите.

Ставот на ДС е кристално чист: Без одговорност за креаторите на кризата, прочистен избирачки список, реформи во медиумите, судскиот систем  и без одвојување на владејачката партија од државата, нема услови за фер, демократски и кредибилни избори, стои во соопштението.

Трајанов најави дека неговата партија дефинитивно нема да излезе на јунските парламентарни избори.