Бегалска криза: Македонија има клучна улога во обезбедувањето на границите
Македонија има клучна улога во обезбедувањето на границите на земјите од таканаречената Балканска рута, вели австрискиот министер за одбрана Доскоцил. Македонија има стратегија за справување со бегалската криза, тврди министерот за одбрана Јолевски. Македонската армија од Австрија доби 15 визери за ноќно набљудување...

Македонија игра водечка улога во обезбедувањето на границите, не само на таканаречената балканска рута , туку и со австрија и германија, вели австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил. На средбата со неговиот домаќин министерот Јолевски, било разговарано и за мерките за справувањето со тероризмот и заканите во Европа.
„Македонија има водечка улога во обезбедувањето на границите, не само на т.н.Балканска рута за мигрантската криза, туку и во врска во Австрија и со Германија. Се согласивме дека во рамки на поширокиот Балкански регион постојат тенденции за радикализација и треба понтензивно да работиме во врска со таа тема, не само на ниво на соработка на институциите, туку и со размена на информации во рамки на тие институции“, изјави Доскоцил.
Ситуацијата се следи внимателно. Се прават анализи за она што се случува во поширокиот регион, во Сирија, Ирак и во Турција, вели министерот Јолевски. Нагласи дека мигрантската криза придонела за зајакнување на контактите и соработката со Грција. Ги повторил заложбите на земјава за евроатланско интегрирање.
„Како АРМ и како Влада на РМ имаме стратегија за справување со мигрантите по затворањето на т.н. Балканска рута. Пред неколку дена ГШ на АРМ до мене достави нова стратегија во која се вклучени и други опции и АРМ е целосно подготвена за справување со оваа мигрантска криза, рече Јолевски и додаде оти се прави координација со, како што подвлече, партнерите и пријатели од ЕУ“, вели министерот за одбрана Зоран Јолески.
Се подготвува заеднички документ кој содржи ставови на земјите од балканска рута за надминување на мигрантската криза. Австрискиот министер за одбрана ќе го презентира документот на министерскиот состанок следната недела во Луксембург. Македонската армија доби донација, 15 визири за ноќно набљудување. Во касарната Илинден, пак, презентирана подготвеноста на армиските специјалци.
Наташа Гркова- Петрушевска
