ЕК: Постигнат е напредок, но треба уште работа

07.04.2016 15:08

Важно е за државата, но примарно за нејзините граѓани ова успешно да биде решено. Се надеваме дека партиите ќе останат посветени на ова амбиција, изјави портпаролот на ЕК, Маја Коцијанчич...

Европската Комисија официјално излезе со изјава за распуштањето на Собранието и јунските избори. Се нотира дека е постигнат прогрес во подготовките, но се препорачува посветеност на сите чинители во обезбедувањето услови за кредибилни избори во јуни.

„Ние секако одблизу го следиме развојот на ситуацијата во поранешната југословенска Република Македонија. Кога станува збор за изборите кои треба да селдат за два месеца, постигнат е прогресс  во подготовката, но треба уште да се работи како би се осигурале дека изборите би биле кредибилни и во соглсност со стандардите. Од круцијална важност е работата да продолжи и ние т.е. ЕУ, ќе продолжи да се ангажира со партнерите во земјата вклучително и со меѓународните партнери вклучени во процесот“, изјави портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.

Сите знаеме дека постои полтичка криза, која ја олеснувавме заедно со партнерите. Важно е за државата, но примарно за нејзините граѓани ова успешно да биде решено. Се надеваме дека партиите ќе останат посветени на ова амбиција, да останат посветени на ова цел, и конечно посветни на тоа што е договорено особено во делот на изборите, но и во однос на реформските приоритети, кои пред сѐ се во интерес на државата и на граѓаните- изјави Кочијанчич.