Поддршка за слободата на говорот и изразувањето
Слободата на изразување е основно човеково право, но за жал денес ситуацијата не е добра, заклучок од конференцијата „Поддршка на Европската унија за слободата на говорот и слободата на изразувањето“.

Поделеноста во медиумскиот сектор останува, состојбата со слободата на говорот не е добра- заклучок од конференцијата посветена на оваа тема. Препорака- да продолжат дебатите и барањето решенија за овие проблеми. Според учесниците, слободата на говорот и на изразувањето е фундаментално човеково право. Евроамбасадорот Орав вели дека состојбата во медиумскиот сектор останува сериозен предизвик.
„Непочитувањето на новинарските стандарди не е нешто што се случува наеднаш, туку е процес кој трае повеќе од 20 години“- велат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги.
Европската унија со 2 милиона евра финансираше проекти за слободата на изразување и за слободата на медиумите.
Викторија Милевска
