„Животот е прекрасен“ во режија на Морфов на сцената на МНТ
Ова е остварување на еден голем сон на МНТ. Ова не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туку е претстава за еден човек кој повторно го открива животот и осознава колку е тој прекрасен. Да работите со Морфов е посебна привилегија, велат актерите...

Светски познатиот Александар Морфов, режира во МНТ. Претставата „Животот е прекрасен“ од авторот Николај Ердман пред македонската публика на 10, 15 и 16-ти април. Ова е остварување на еден голем сон на МНТ. Ова не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туку е претстава за еден човек кој повторно го открива животот и осознава колку е тој прекрасен. Да работите со Морфов е посебна привилегија, велат актерите.
Режисерот Морфов претставата ја подготвувал три месеци. Смета дека „Животот е прекрасен“ одговара на сензибилитетот на актерите на МНТ. Тие за претставата велат- ќе ве растажи и насмее до солзи, буквално остава без здив.
Ме допира она што се случува во Македонија, но и во Бугарија. Ситуациите не се многу различни. Заедничко е што почнавме да ја губиме смислата за животот. Политиката го вади најлошото, најужасното од човекот. Така се допира дното. И тогаш разбираш дека нема повозвишено од тоа да имаш некој да сакаш и некој да те сака. Во таа смисла, животот е прекрасен- вели мајсторот на режијата Морфов.
Александра Перевска
