Банките го контролираат одливот, нема сомнителни трасакции

07.04.2016 16:43

Доколку аферата „Панама Пејперс“ обелодени имиња на наши државјани кои нелегално изнеле пари од државата, ќе се отвори истрага.

Банките го контролираат одливот на финансии кон странство и имаат обрска секоја сомнителна трансакција да ја пријават во Агенцијата за спречување перење пари. Народната банка еднаш годишно врши темелни контроли. Гувернерот Богов вели- нема сомнителни трасакции, деловните банки не ризикуваат неправилности што би биле погубни за нивното работење.

Богов вели македонски фирми кои основале бизнис во странство, законски може вршат прилив и одлив на средства во странска банка, но Македонци како физички лица немаат такви права. Доколку аферата „Панама Пејперс“ обелодени имиња на наши државјани кои нелегално изнеле пари од државата, ќе се отвори истрага.

На конференцијата за одбележување на годишнината од монетарното осамостојување, банкарите со став- растотот и продуктивноста може да се зголемат само со струтурни реформи на долг рок, а не со копирање политиките од големите земји и нивните централни банки.

На прашањето како врз економијата ќе се одрази политичката ситуација пред изборите, Централната банка оцени- неизвесноста не е добар амбиент за нови инвестиции и потрошувачка на домаќинставата. Гувернерот Богов вели македонската економија докажа дека има здрави фуданменти и во услови на поголеми предизвици

 

Сузана Фиданска- Стоевска