Ексклузивни подводни снимки за МРТ од Глобочица

26.01.2014 13:06

Звучи неверојатно,но и по повеќе од пет децении црквата „Свети Илија“...

Звучи неверојатно,но и по повеќе од пет децении црквата „Свети Илија“,која според зборовите на старите жители на Глобочица датирала од 16 или 17 век сеуште им пркоси на времето и немирните езерски води.Битката ја загубила само камбанаријата,која при паѓањето оштетила дел од покривот.И високите дрвја околу неа чии врвови достигнуваат скоро до површината на водата се чини дека со годините станале поцврсти и помоќни. Разурнатите куќи,улиците,гробиштата и селската чешма говорат дека во ова село некогаш се одвивал бурен живот.

„Чуството е неверојатно затоа што нуркате,си спомнувате,се враќате наназад и знаете дека тука живееле луѓе,се одвивал живот.Сега претставува мирно место кое само нуркачите можат да го видат и да се потсетат на она што некогаш бил“ вели Милутин Секулоски-Миќо-меѓународен нуркачки инструктор.

Овде времето како да застанало,вели Секулоски,а со гаснењето на рефлекторите мракот повторно го зема во прегратки потопеното село.

„Од сите објекти кои се под вода само црквата е целосно сочувана,не е разурната,но сепак опасноста да се влезе во неа е многу голема.Не можете да знаете после толку време во кој момент таа може да се урне поради што влеговме само во дел од црквата,но со голема доза на ризик“ дополнува инструкторот Секуловски.

За Секулоски и неговите другари враќањето во минатото беше голема авантура,а приказната за тоа како некогаш овде се живеело уште долго ќе ја прерасказуваат глобочичани и заматените езерски води.

Линк од видеото: www.mrt.com.mk

Новинар: Сашо Нелоски

Монтажа: Тони Нически

Снимките ги обезбеди: Милутин Секулоски