Иванов: Транснационалниот тероризам внесува сѐ поголема нестабилност

07.04.2016 16:47

Според шефот на државава нив ги обединува идејата за свет во кој границите во реалниот свет ќе исчезнат како што исчезнаа границите во виртуелниот.

Ако за време на Студената војна, балансот на стравот придонесувал кон каква-таква стабилност, денес, застрашувањето од страна на транснационалниот тероризам, насилниот екстремизам, организираниот криминал, внесува сѐ поголема нестабилност, порака на претседателот Ѓорге Иванов, на 19. Евроазиски економски самит во Истанбул.

Иванов посочи на неодамнешниот инцидент кај Идомени кога стотици мигранти илегално влегоа на македонска територија. Според шефот на државава нив ги обединува идејата за свет во кој границите во реалниот свет ќе исчезнат како што исчезнаа границите во виртуелниот.

Зборувајќи за случувањата во Сирија, македонскиот претседател рече дека наместо смирување е мoжно проширување на зоните на конфликти и создавање глобален појас на нестабилност, што може да предизвика континуирани миграциски бранови.