Со повеќе активности се одбележува Светскиот ден на Ромите

08.04.2016 10:00

Новите генерации со силна мотивација и желба го прифатија предизвикот да бидат носители на прогресот, на промените во генетскиот код кои резултираат со надминување на комплексот на пониска вредност...

Во Македонија со повеќе активности ќе биде одбележан Светскиот ден на Ромите. Одбележувањето е можност за потсетување на историскиот развој на борбата за остварување на правата на Ромите на меѓународно ниво и во државава.

Новите генерации со силна мотивација и желба го прифатија предизвикот да бидат носители на прогресот, на промените во генетскиот код кои резултираат со надминување на комплексот на пониска вредност, посочуваат од ромските невладини организации.

По повод Светскиот ден на ромите во единствената ромска општина во светот Шуто Оризари се организира културно – музичка манифестација.