Кери: Максимални напори за сириските преговори
Изјавата доаѓа по средбата со министрите за надворешни работи на земјите од Советот за соработка на арапските држави од Персискиот Залив, која се одржа во главниот град на Бахреин, Манама.

Американскиот државен секретар Џон Кери ги повика сите учесници во сирискиот мировен процес да вложат максимални напори за поддршка на примирјето и за поттикнување на мировните преговори.
Изјавата доаѓа по средбата со министрите за надворешни работи на земјите од Советот за соработка на арапските држави од Персискиот Залив, која се одржа во главниот град на Бахреин, Манама.
Претходно вчера специјалниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации за Сирија, Стефан Де Мистура потврди дека новиот круг од меѓусирискиот мировен дијалог ќе почне како што е предвидено на 13 април, при што фокусот ќе биде ставен кон политичката транзиција во Сирија.
