Едно лице загина...
Несреќа на патот Струга - Дебар
26.01.2014 13:11
дно лице го загуби животот утрово...

Едно лице го загуби животот утрово во несреќа на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на каменоломот кај месноста „Бороечки мост“.
Несреќниот настан се случил утрово во 7:00 часот кога Неде Ц.(64) од струшкото село Пискупштина им подлегнал на повредите во обид своето патничко моторно возило марка „Застава 750“ да го стави во погон туркајќи го преку регионалниот кон спореден пат надолу кон Глобочичкото езеро.
Од МВР информираат дека патничкото моторно возило кое добило забрзување се превртело на левата страна каде се наоѓал Неде Ц. кој не успаеал да влезе во возилото и да го сопре движењето по надолниот пат.
