„Мосак Фонеска“: Трагите од хакерскиот напад водат кон Европа
08.04.2016 10:46
Еврокомесарот за финансиски прашања Пјер Московиси се закани со воведување санкции кон Панама и останатите земји познати како „даночни оази“, доколку не соработуваат со ЕУ...

Трагите на хакерскиот напад врз компјутерскиот систем на панамската компанија „Мосак Фонеска“, водат кон Европа, изјави Рамон Фонеска, еден од партнерите основачи на фирмата.
Тој истакна дека неговата фирма преферира да не соработува со граѓани на САД објаснувајќи го малиот број американци во т.н. „Панамски документи“.
Во меѓувреме, еврокомесарот за финансиски прашања Пјер Московиси се закани со воведување санкции кон Панама и останатите земји познати како „даночни оази“, доколку не соработуваат со ЕУ во борбата против затајувањето даноци и перењето пари.
