Европска Унија: Визи за граѓаните на САД и Канада?
08.04.2016 11:34
Од т.н. визна политика на ЕУ се изземени Велика Британија и Ирска, а Европската Комисија најдоцна до 12 април ќе мора да реши дали ќе ги воведе визите...

Европската унија размислува дали да воведе визи за граѓаните на САД и на Канада, што би можело да ги зголеми тензиите бидејќи Брисел со Вашингтон преговараат за трговски договор.
Од т.н. визна политика на ЕУ се изземени Велика Британија и Ирска, а Европската Комисија најдоцна до 12 април ќе мора да реши дали ќе ги воведе визите за државите кои поставле слични услови за една или повеќе земји.
