Албанец подготвувал терористички напад во Австралија

08.04.2016 12:14

Австралиските власти покренале обвинение против Круези со 15 точки, главно поврзано со тероризам.

Австралиската полиција уапсила Албанец под обвинение дека подготвувал теористички напад во Бризбејн. Станува збор за 23-годишниот Агим Круези, роден во Австралија.

Австралиските власти покренале обвинение против Круези со 15 точки, главно поврзано со тероризам.

Заедно со Круези е уапсено уште едно лице, кое се товари за поврзаност со ИД, поседување оружје без дозвола и негов илегален транспорт од Сиднеј до Логан и подготовка на терористички акти.