Саем на книга од 12-ти до 18-ти април

08.04.2016 12:40

Во неделата на книгата широк спектар на понуди, од современи класични дела на домашни и странски автори, до стручна и научна литература, белетристика и бестселери...

Од 12-ти до 18-ти април ќе се одржи традиционалниот Саем на книга, кој секоја година привлекува над 40.000 посетители. Во неделата на книгата широк спектар на понуди, од современи класични дела на домашни и странски автори, до стручна и научна литература, белетристика и бестселери.

Од Скопски саем најавуваат понуди за сечиј вкус и џеб. Од 14-ти до 16-ти април од Скоспки саем најавуваат уште две саемски манифестации- Денови на образование и кариера и Саем за туризам.