Светска Банка: Македонија со највисока стапка на раст во регионот

08.04.2016 12:55

Солидниот раст бил движен од јавниот сектор и од извозот од странските директни инвестиции. Намалувањето на невработеноста се должи на преземените активни мерки за вработување.

Македонија е со највисока стапка на раст во регионот, оцени Светска Банка. Солидниот раст бил движен од јавниот сектор и од извозот од странските директни инвестиции. Намалувањето на невработеноста се должи на преземените активни мерки за вработување.

Најбрз раст во 2015 година од земјите во регионот бележи Македонија со 3,7 отсто, а по неа е Косово со 3,6 проценти. Растот се пресликува во создавање нови работни места во приватниот сектор, а тоа и ниската инфлација им помага на приходите во домаќинствата и ја намалува сиромаштијата, стои во извештајот.

Според Светска Банка, разрешувањето на политичката криза, продолжувањето на структурните реформи и намалувањето на фискалниот дефицит, се главните предизвици.

Очекувањата на Светска банка за 2016 година се натамошен раст на македонската економија со 3,7 проценти и негово зголемување на 4 проценти во 2017-та.