Втората група мигранти го напушти Лезбос

08.04.2016 13:14

Владата во Атина информира дека станува збор за луѓе, кои не барале азил во Грција.

Траект со 45 мигранти од Пакистан го напушти грчкиот остров Лезбос и се упати кон турскиот брег. Ова е втора група, која Грција ја префрла во Турција, според договорот меѓу Анкара во спречувањето на масовната нерегуларна миграција кон Европа. 

Владата во Атина информира дека станува збор за луѓе, кои не барале азил во Грција. Првата група од 200 мигранти, повеќето од Пакистан и од Авганистан, беа вратени од Грција во Турција во понеделникот, што предизвика драстично зголемување на барањата за азил.

Мигрантите кои се наоѓаат на македонско- грчката граница продолжуваат да протестираат, со барање за отворање на граничниот премин. Оние кои се во пристаништето во Пиреја, одбиваат да се преместат во прифатните центри.