Џон Кери во ненајавена посета во Ирак

08.04.2016 13:44

Се очекува да ја изрази силната поддршка на САД за ирачката влада „во нејзините одговори на значајните безбедносни, економски и политички предизвици“.

Американскиот државен секретар Џон Кери допатува во ненајавена посета во Багдад, каде што ќе се сретне со претставници на ирачките власти посветени на борбата против џихадистичката група Исламска Држава.

Се очекува да ја изрази силната поддршка на САД за ирачката влада „во нејзините одговори на значајните безбедносни, економски и политички предизвици“.

Кери во Ирак допатува од Доха, каде со министрите за надворешни работи на арапските земји на Персискиот Залив разговараше за состојбите во Сирија, Ирак и Јемен.