Изготвен графички регистар на градежно земјиште
Македонија доби графички регистар на градежно земјиште. Од јуни ќе биде достапен за граѓаните и за бизнис заедницата. Досега се легализирани 148 илјади диво изградени објекти и се запишани во Агенцијата за катастар на недвижности. Изработени се и над 200 илјади геодетски елаборати, за кои треба да бидат донесени решенија за легализација...

Македонија доби графички регистар на градежно земјиште. Со него ќе се овозможи едноставен, брз и сигурен пристап во урбанистичката и планската документација, велат надлежните. Почнувајќи од денеска регистарот е достапен за професионалните корисници, институциите, општините и геодетите, а од јуни ќе им биде достапен и на граѓаните и бизнис - заедницата.
Според архитектите и инженерите, катастарот на градежно земјиште ќе ги унапреди постапките за проектирање, но ќе ги намали и цените.
Во регистарот се внесени 477 урбанистички планови и урбанистичко планска документација доставена од општините. Од Катастар апелираат до општините кои не доставиле урбанистички планови да го сторат тоа во најкус можен рок.
Наташа Јанчиќ
