Сириските бунтовници презедоа од ИД клучен град во северна Сирија

08.04.2016 14:42

Според експертите, падот на градот ќе претставува поттик на бунтовниците, кои се борат и за преземање на поделениот Алепо.

Сириските бунтовници го зазеле стратешки важниот град Ал Раил, којашто беше под контрола на групата Исламска држава.

Според експертите, падот на градот ќе претставува поттик на бунтовниците, кои се борат и за преземање на поделениот Алепо.

ИД изминатите недели претрпе серија порази од страна на силите на сирискиот режим, меѓу кои е и загубата на контролата врз древниот град Палмира.